шеќерен (прид.) - болест (имн.)

По лабораториските анализи, беше потврдена дијагнозата за шеќерна болест, и тоа во поодмината фаза.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зависен од баклава и харемот, предиспониран на шеќерна болест и последици по династијата и изборот на наследникот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, поради шеќерната болест што почнуваше да го нагризува, повеќе се задоволи да ја гледа баклавата и само да ги лизне позлатените слатки кори од своето парче, додека го слушаше Камилски, веднаш помисли на улогата на овој драгоцен десерт кој постоеше во целиот тек од постоењето на Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Впрочем, и денешниот облик баклавата го доби откако влезе во големите кујни на царската палата Топкапи во Цариград и стана култно јадење во царството и надвор од него...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Т
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ѓорѓија само молчеше и јадеше, не со сласт, бидејќи му се мешаше дури и во тоа колку шеќер ставаше во чајот: - Шеќерна болест ќе добиеш!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вујко ми имаше шеќерна болест...
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија не се двоумеше и ѝ рече да влезе, да се напијат по едно кафе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- О! Јас не пијам кафе! - рече таа и несмасно се насмевна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја водеше големата битка, кога му го украдоа авторското право за откриените сиџили што, подоцна, беше причина и за неговата шеќерна болест.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)