Како што често пареата во зимскиот воз допира само до првиот вагон, така и оној волев флуид на нашиот предводник го опфаќа само првиот скаут зад него, Грнецот, кој има навик да ја ниша во одот целата горна половина на телото како да колва зрна со долгиот шилест нос.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Петра бргу наѕре од кујната да види кој дошол, а Едо со сигурност ја препозна: толку многу се поклопуваше со претставата што тој за неа си ја воомјази: дебелкава, со ситни очи што зрачеа со продорен поглед, шилест нос, тенки усни од кои се наѕираат сините пирански заби и насмевка што без свесен напор не ѝ стоела на лицето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Оној слабиот, со шилестиот нос. Тој е математичар. Иако не знае колку чинат две пива. Тој до тебе е писател...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)