Таа имаше интересна, чудна глава, која, колку што ја гледаше Илко, толку почудна му стануваше, особено во профил: лицето и челото ѝ беа сплескани, издадени, налик на сечило од секира; носот шилест и издолжен како клун; очите ситни како мониста; веѓите тенки и споени; ушите мали, прилепени; усните заоблени, собрани како свирка. Зборуваше со шуштење.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
По ударите и по одзвонувањата на алатите што ги употребуваше, шилести и сечевни глета, челични чивии „пунчиња“, запчести и рамни чекани, шкартели, шпренгли, скоби и други алати - знаеше дали е на добар пат или не, дали да запре на време и да не арчи попусто мака и труд.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)