- Што разговараше со Ана? го чув гласот на петнаесетгодишниот слаткарски помошник Аким, роден ајдук со широки раменици и криви нозе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Ха, ха, ха, - продолжуваше Претседателот. Беше тоа едно јадро човечиште, само за неколку прста понизок од Змејка, со широки раменици и со нешто несигурно сковано и на еден чуден начин колебливо во секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа што имаш криви нозе и дека малку си свиткан напред и шијата ти е втисната во широките раменици, многу не се гледа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Каква болка може да носи рибата под студените перки. „Момче“, суво воздивна без љубопитност мерејќи ги неговите широки раменици. „Читајте ги Давидовите псалми и не додевајте ми веќе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Па она спортско сако на широките раменици, како да беше излезено од некое модно издание. Ма, манекен не му беше рамен...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ти беше убаво граден со широки раменици и висок.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)