Помина белиот автомобил, подзастана среде селото отаде мостот и уште пред да го покрие правта што јуреше зад него ширејќи се преку целото село, луѓето го здогледаа шоферот, кус и широк во плеќите, со црна маслосана капетанска капа наврена на главата до над веѓи и до уши, и до него височок, кршен маж со паларија на главата како оние што ги носат говедарите во каубојските филмови, во жолта разградена кошула, запрегнати ракави и на вратот наместо вратоврска, врзана црна подебелка врвца за чевли, фатена со тока како од олово, направена во облик на орел со раширени крилја.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Чана, иако широка во душата, а и онака, реално, иако од едно село со Пена и Танаско, се почувствува како подзаборавена.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И така одеа од пункт на пункт, од еден објект на друг, од една бригада до друга, од копањето и носењето на земјата и камењата до дупењето на каналите и тунелите, од насипувањето на браната што беше широка во основата како рид до свртувањето на текот од притоките што требаше да се влеваат во идното езеро.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Чудна беше таа глава со мускулести вилици, широка во брадата, тесна во челото покриено со црна остра коса. Држејќи го паднатиот и го кошна со нога.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Чудна беше таа глава со мускулести вилици, широка во брадата, тесна во челото покриено со црна остра коса.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тоа Круме ми го рече тивко, како да го кажа само за себе, и како да додаде: „Слобода ли е тоа?!“ додека двајцата гледавме во развеаната сукња на Илона, (небесно сина, широка во долниот дел, на половината припиена за телото, одназад врзана со тегетен колан), во миговите кога таа со ситен чекор по плочникот се оддалечуваше од масата на која дотогаш седевме заедно во бавчата на „Анте Портас“ на кејот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не изгледа широк во лицето а сепак растојанието помеѓу брадата и челото му се некако преблиски.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)