шпански (прид.) - маг (имн.)

Махмуд Дарвиш беше во средиштето на вниманието во Струга и Охрид, се сеќаваше на враќањето на Рафаел Алберти, во 1978 година во Струга, во годината во која како да славеа две враќања од егзил во поетската република во Македонија, со големиот шпански маг Рафаел Алберти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев среќен што можев во еден убав повод, каков што ретко дарува судбината, да го сретнам повторно по многу години Махмуд Дарвиш на бреговите на Охридското Езеро, роден на другиот брег на ова езеро, кое го сметав како дефинитивна татковина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)