Како ламбади горат столетни борови; во лединката догоруваат планинските цвеќиња, се спржува синиот цвет на Јановото цвеќе, испарува сладуњавиот мирис на шумските јаготки.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Влезе во шумата. Папрад висок и густ и под него ројови шумски јаготки. Црвени.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од друга страна, не би можел со никој друг така смирено да пивнувам чај од шумски јаготки и речиси поспано да ги разголувам своите потсвесни гревови.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Жежок пепел на згасната ѕвезда. Свежината на шумските јаготки пробива низ заболеното ткиво: да сонуваш, распаѓајќи се!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Патуваше Змејко со својот Чилко едно цело претпладне пат под дрвјата, често му слегуваше на коњот и го оставаше да го призачека, додека тој одеше да присобере уште некоја од црвените шумски јаготки, што зрееја по лединките крај патот, а после тој пак му скокнуваше на самарот и продолжуваше да го патува своето спокојно летно претпладневно патување под зелените крошни на високите буки, под синото небо, ишарано со бели ретки облаци...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А таа плетенка, а таа плетенка, докторе Ференц, имаше мирис не само на млада девојка, ами и на планинска и шумска зора, на пресен утрински ветар, на роса врз растреперена темјанушка, на млади борја и, на планински поток, на свежо сено, на ноќен ветар, имаше, докторе Ференц, мирис на свежо ископан ров, мирис на штотуку довршен бункер, мирис на јаново цвеќе, мирис на шумска јаготка, а најчесто мирис на барут... докторе Ференц.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со себе ја носиме топлата сончевина и синилото на небото, зеленилото на шумите и одзвукот на ѕвонливиот ветер, мирисот на пчелинокот и чембрицата, опојниот вкус на зрелите шумски јаготки и желбата што тука, под ведро небо и под сенката на бадемите не успеав да отспијам и да отсонам дел од детските спомени и најскришните копнежи и таги.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во лединката легната под едно голо карпесто ритче, обрасната со папрат под чија сенка зреат шумски јаготки, најдов големо парче од авионска бомба и половина од минофрчка граната.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со шумски јаготки во џебовите
со здравец во мислите
и планински воздух во срцата,
ќе си направите ли муабет со овие стихови
како што правите со буките и изворите
Вие кои никогаш не сте ѝ биле туѓи нејзе,
самата себеси што си е туѓа
и заумна?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Одите кон врвот
ти и тишината
на шумата.
Одеднаш, нестварна глетка
- ливада надтежната со шумски јаготки
го пробива
видното поле, звучниот ѕид...
Светот се врти наопаку.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)