1. Ѓаволски склоп
Јадеш, лапаш, грицкаш, голташ
секогаш гладен, засекогаш страдно
зјапаш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Наоколу карти, божества, хороскопи
слики, книги, мемоари
пресметки, математики, хронометрии
ти стануваш појдовна точка за сѐ
да може да се сложи
ти си ѓаволски склоп
структура на структури
Време, Литературо
покажи ми ја темната страна
вишокот, несводливоста
хроничната невидливост
нашата обострана завист.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)