ѕвезден (прид.) - вода (имн.)

По многу време, учејќи дека уните не се надеваат, осознавајќи дека позанимлив станува разговорот порекинат од ветрот – почиста станува и мислата: никогаш нема да се возобнови ништо што не било меѓу нас: заборавот ќе нè заобиколи, прозорците ќе се затворат сами, а ти, скриена во некој збор, одново ќе се покажеш зашто јас не те измислувам – јас тебе те откривам: ведро ѕвездена вода за еден жеден човек до век!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)