Вреди да се спомене и тоа дека рокот од 30 дена за враќање на работното место, којшто го имаше работникот кој бил избран или именуван на јавна функција, како и работникот кој лично или, пак, неговиот брачен другар е упатен на работа во странство – сега се скрати на само 15 дена „по престанувањето на функцијата што ја вршел“ (чл. 151-152, ЗРО/05); ѓ) следен сомнителен потег е бришењето на јасната одредба којашто предвидуваше дека доброволен крводарител има право на два последователни слободни дена за секое давање крв, а „слободните денови се сметаат како да е на работа“ (чл. 54, ЗРО/03 – Пречистен текст) – со што се отвори дилема дали во овој случај отсуството останува платено, или се трансформира во неплатено.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)