(Колкав ли е бројот на несреќниците кои скапо ја плаќаат непромислената игра со љубовниот занес!).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не му излегува од глава на чистачот на чевли на Plaza de Armas сликата на љубовниот занес на папагалите што утринава ја виде во градината зад катедралата во центарот на Лима (му дојде да ја запее онаа македонската: пилето ми пее рано насабајле, ама не ги знаеше зборовите) сетуку погледнуваше на евтиниот рачен часовник од погледот му се цедеше ту меланхолија, ту нервоза оти навистина не му беше јасно зошто денеска доцни на редовното чистење чевли господинот Хозе Марио Педро Варгас Љоса - сетики се сеќавате, тоа е оној господин со убав шешир и уште поубави очи, оној што прв го виде лудакот на балконот со жалузини над крчмата Катедрала во центарот на градот, оној што се давеше во чича и папсуваше од vals peruano кога ќе почнеа веселите карневали во Лима која веќе ја нема.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Зошто така бездушно ме оставаат, во мојот љубовен занес?
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Занемев пред иконата од љубовен занес и возбуда...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Со мака држејќи ги клепките над очи, како да се бори со тежок сон, Ване тивко изрецитира своја песна за девојка што во љубовен занес цела ноќ одела и плачела а од секоја нејзина солза на земјата останувал по еден бисер.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)