Во огледалото го гледаше љубовниот пар како си оди и одеднаш острата глетка како Рози ја држи раката на Боб го ослепе.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тренинзите и трките се одвиваа на еден рид близу градот, што сите го викавме Зајачки Рид, не затоа што таму имаше зајаци, туку затоа што ноќе таму се состануваа љубовни парови и водеа љубов по автомобили, на брзина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тогаш Том шантајќи се на своите рамни стапала отиде до масата каде што љубовниот пар беше станат да си оди.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се појавуваат Љубовни парови од сите „нормални“ видови, па потоа хомоеротските парови од женски и машки тип; нарцистичките „автисти“, хермафродити, первертити... цела една галерија на сексуално однесување каде што залудно ќе ја бараме Љубовта ако таа не е „ласцивна“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Адон - во согласие со таа опседнатост - ги опишува сите можни пансексуални испреплетености во светот на луѓето, животните, растенијата и камењата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На десната страна, додека одеше преку централниот простор што служеше за танцување, еден љубовен пар седеше на една маса до прозорецот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)