Карабуклијата пак шмркна од пагурчето, му го подаде на дедот Петка и тој да го накваси грлото оти од многу зборување беше му се засушило, та откако се поналакти на другиот лакт, се заврте кон Доста и почна: — Арно вели побратимот, внуко, арно вели.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Арно велиш, побратиме. И така на нас овде гледаат како на бела чавка. — Го потврди Јован Толевиот предлог.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Колку сум побудала за него, толку полесно поминувам: има кому да дава ум и поука, тој само тоа дава. Друго се зема...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Арно велиш, Спиро. Поумен си ти од мене и од чорбаџијата твој.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)