го стискав на градиве и верував дека ќе оживее од мене, од мојата топлина, од мојот здив; кога ќе клекнев на колена да поземам здив и кога ќе му го видев восочното и безживотно лице, кревав плач до бога и пак ја кубев косата; и дома кога го донесов и го ставив на постелата, не верував дека е мртво; и кога го пресоблеков и го ставив в ковчег, не верував дека е мртво.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)