Тоа беше низок, темнокос човек во бел жакет, со ромбоидно, сосем безизразно лице, кое можеше да биде и кинеско.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Анѓа, босанката Анѓа од Париз, на која не можат да ѝ се определат годините поради нејзината, речиси, безлична физиономија, и поради жолтовосочното безизразно лице, ја сретнав во едно наше претставништво.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ло Тек заврескаа, но некој ги исклучи засилувачите, а Моли го јаваше Подот во тишина, со бело и безизразно лице, сѐ додека не се смири и не прејде во благо цивкање на измачен метал и гребење на ‘рѓа врз ‘рѓа. 102 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Синовите на Густав Климт гледаа во својата тетка како лежи, во склопчена положба како фетус, со безизразно лице како ембрион.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Под густите, несредени веѓи, високо кренати на челото, очите му испакнаа напред и во нив можеа да се видат капилари испреплетени во црвени мрежи кои беа единствена трага од живот на неговото безизразно лице.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не беше тешко да се задржи безизразно лице, па дури и дишењето можеше да се контролира со извесен напор: но удирањето на срцето не можеше да се контролира, а телекранот беше доволно чувствителен за да го регистрира.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Најмалиот Густав се приближи до нејзините нозе и ѝ ги допре стапалата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)