Благодарејќи им ним, славниот светски произведувач на наочари за сонце Ray Ban забележа голем профит и зголемување на продажбата бидејќи по влегувањето на филмот во кината се појави цела сурија од типови што сакаа да имаат исти “цвикери” како и Том Круз.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За тоа, се разбира, се плаќа одредена сума, и проблемот е решен.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Предностите над класичното огласување се бројни: 4 пред сѐ, постои мошне силна асоцијација и идентификација со изворот на пораката, т.е. со главниот актер или со самиот филм 4 за разлика од класичниот спот, филмот се доживува многу поемоционално, па и впечатокот е посилен 4 благодарејќи му на претходното, помнењето на производот е поголемо 4 можна е и поголема фреквенција на појавување на производот - може да се појави повеќе пати во филмот, кој, пак, може да се гледа неколку пати 4 кај светските филмски хитови станува збор за изложеност на производот пред огромен број гледачи, така што испаѓа дека цената за тоа е многу ниска.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Благодарејќи му на татко ми кој аматерски се бавеше со сликарство, многу рано дојдов во допир со професионални сликарски материјали.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Прерадуван, игуменот постојано клечеше на гробот на свети Наум и го целиваше благодарејќи му што помогна, што ги услиши нивните милитви, што помогна да се реши овој спор.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И заедно со отец Иларион, отец Серафим и игуменот, пееја молитви благодарејќи му на светецот и на бога.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А сега, благодарејќи му на Бога што сум помудар од тогаш, сакам уште да ви кажам: дури и ако мене ме снема од светот што го познавате, дури и ако храмовите Божји ги разурнат, та од нив да не остане ни еден камен, дури и ако вашите пророци и водачи ве напуштат, а браќата и сестрите ви ги погубат, не чекајте Божја одмазда за неправдите што ви се нанесени!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Аха, така значи, итрецу! Ти ја открив тајната! - шепотеше Бојан, благодарејќи му на деда си за зачуваната пушка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но, останува прашањето на патиките. Ако куклите ги замислиме без нив, навистина можеме да се согласиме дека глетката би делувала помалку „нездраво“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Обвинителството бараше година и пол затвор (една година условно) за Бренер, и две години забрана да биде присутен во Стедејлик музејот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тие непосредно нè упатуваат кон популарните обувки на адолесцентите, ни помагаат да ја фокусираме фантазијата така што, благодарејќи му на сеприсутниот популарен елемент, ќе ја идентификуваме мрежата на означители: патиките на куклите им овозможуваат да значат во ова време, додека се стекнува впечаток дека за некое идно изложување би можеле да бидат и заменети.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Прифаќајќи го вториот дел од казната, одбраната на Бренер побара уметникот веднаш да се ослободи од притвор...: „Сликарството на Малевич се смета за концептуално и затоа, благодарејќи му на Бренер, тоа се надоградува.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Џеки, благодарејќи му, го лиже по раката.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Момчето му се насмевнуваше на старецот, благодарејќи му.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)