блед (прил.) - лице (имн.)

Тоа и даде здравје, како на никое девојче во селото, и таа од ден на ден го менуваше дотогаш жолтото и бледо лице во румено, црвено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- И срцето силно ќе му зачукаше, а по сувото бледо лице ќе му се разлееше одвај забележливо руменило, коешто гавореше за неговата возбуденост и нестивнат копнеж.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тогаш јас ќе имам склопени очи, бледо лице, скочанети раце спуштени на стомакот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш јас ќе имам склопени очи, бледо лице, неподвижни раце спуштени на стомакот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нејзиното бледо лице се грчеше; усните ѝ трепереа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Исус Христос е со црвени чорапи и бледо лице И сега самик шета по небото и размислува Како се случи да остане бездетен Кога веќе знае дека Не умира само оној што ќе роди И проклет нека е оној Што цел век нешто прета А ништо за иднина не ќе запрета.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогаш тој, во својата душа, знаеше дека таа беше во собата, и тогаш во темната месечева светлина, што се процедуваше низ пердињата, ја виде неа како жива слика, го виде нејзиното убаво бледо лице, дебелиот кок руса коса, и начинот на кој го движеше своето вито тело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да, Арсо вдахнува доверба, и со движењата, одмерено вешти, и со ова тенко бледо лице на млад благородник и со ведрата синевина на очите, и со необичниот акцент со којшто ги изговара француските зборови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Студено гледа оттаму човек во мундир и со фес на неврастично и жолчно бледо лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Откако ја поместив колата и застанав заради царинската контрола, мажле - го нарекувам мажле, бидејќи беше слабникаво, ниско, тесно во рамената, ќелаво и со бледо лице, чиниш е болно од офтика, ама затоа имаше силен глас со тон на остра наредба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Знаел каде се резервните клучеви. Посакал да се возат. Џеронимо божем знаел да вози.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледавме во неа, во нејзиното бледо лице и потемнети очи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И тргнале. На излезот од сокачето не внимавале и веднаш тука настрадале.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)