Публиката паѓаше од смеа; беше пазуза, сите јадеа пуканки, пиеја „Кока-кола“, но се смееја; на еден голем, висок кревет, лежеа Ина и аѓутантот, и божем водеа љубов, со гротескни движења под една покривка; јас се качував, сакав да ги фатам на дело, но никако не ми успеваше: скалите стоеја во воздухот, јас ќе се качев до врвот и потем, кога требаше да ја ставам раката над очите и да видам, одеднаш ќе сјурев надолу.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еднаш, кога те затвораат, ќе ти удрат еден дајак сите полицајци по ред и преку ред, додека началникот божем води записник, а потоа ќе те одвлечкаат до визбата како празна вреќа да не можеш да стапнеш на нозе додека лежиш, чекајќи да те осудат. Ако дочекаш.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)