божем (прил.) - случајно (прил.)

Тргна божем случајно кон неа, барајќи со очите место на некоја од масите зад неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До неа, како божем случајно излезена, се вртеше стројничката, која го погледна скришно и покровително му се насмевна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Божем случајно се среќава со еден абдал и како божем нешто да му рече, да не му рече, не можев добро ни да видам ни да чујам, а во меѓувреме се надјов да гледам што се случува еден друг ден изутрината кога луѓето одат в црква.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Задишана и со румено лице, малечката Инес се поткрена на прсти, вратот шилесто ѝ се издолжи и, губејќи здив, застана божем случајно прегрнувајќи го преку слабините и со лицето подадено кон него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Старо, прашливо пивско шише, божем случајно оставено на дрвена полица.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И сонот се претвори во опсесија, па кога тој зад големиот стаклен излог го минуваше своето работно време, таа по трипати се преслекуваше и, како божем случајно, проаѓаше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А јас ја гледам и, додека ја сечеме заедно, божем случајно ја допирам нежно за рамената и ја бакнувам во вратот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На рибите што ќајата ги одделуваше за санџак-бегот, почна да става по еден засек кај опашката, божем случајно, но, за тој што сака да види - нели јасен знак на поздрав и колнење на верност?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И тогаш учителот, налактен на извалканата маса, ќе започне за што и да било и за кого и да било, стариот слуша и божем случајно зборот ќе дојде и за Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Намина божем случајно кај Џемал-ага. Нешто му потшепна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ти имаш брат, не е шега! – и пак, божем случајно, ми ги покажа мускулите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Додека јадевме, јас патем, божем случајно, му реков: - Да сум јас таа девојка за која што зборувавме, не би се мислела.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убава работа е да имаш голем брат – си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По неколку дена, мајка ми, божем случајно, ме праша: - А, бе, Бреза, не кажа што ти пишува Ивана!?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Навистина така мислиш? – ме препраша задоволен. - Се разбира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ништо, обични работи – не ми е јасно како се роди оваа чудна лага, но што можев кога ненадејно се појави, без оправдување, без потреба и без објаснување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А кон пладне намина божем случајно доктор Пачев за да прашал кога последен пат сум ја сретнал Пеперутката. Реков: вчера. Со несигурност во гласот. Иако можев да бидам уште понеодреден.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Мамо, - ѝ се доверив, - јас еднаш, божем случајно, кога стоев крај неа на хорската проба, ја допрев со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Слушам, зборуваат комшиите за некакви тепачки крај чешмичето, - божем случајно приспомна, а мене ми беше јасно дека знае сè.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И токму кога сакав да го прашам Абрам каде и кога ќе разговараме насамо, забележав дека Мечка, божем случајно, му ја подметна ногата на Влатко-Цвик, кого што ние понекогаш го викаме и Окомен, а нему тоа му се допаѓа, зашто му личи на Супермен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сакаше да провери, па за да не изгледа сомнително, божем случајно го испушти долу моливот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, по некое време реата како да исчезна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бил во прашање некој Големец кој божем случајно ги заборавил обврските кон сопствената жена препуштајќи им се на нежностите на Аксја!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не може секој да се приспособи на правилата и наредбите, па и тогаш кога ќе се донесат со добра намера.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можело да се случи, ако пукне вистината, да му ја затрупа иднината на тој ваш Големец, иако, барем јас така мислам, всуштност и не бил виновен тој туку законите и правилата на однесувањето што ги измисливте за да ве прикажуваат како светли предводници во еден поубав живот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во мигот влезе Мајка, божем случајно, но видно загрижена за одговорот на Цветана.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Полн со такви мисли, опремен со зелени очила, едно утро, божем случајно, наминав до куќата на министерот Д.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)