Татко кусо време работеше со Мирон Донски, но бргу ги откри особините на неговиот карактер.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Од север, по долот „Света Петка", и од југ, преку „Пупулеги" и „Шопово трло", аскерот го стегна обрачот и напна нагоре да накачува.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но бимбашијата дотрча и бргу ги дигна во напад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бргу ги извести мештаните. Се собраа сите.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Дека изморени и од патот и од чудење што станува бргу ги фати дремка.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Соблазнет и возбуден истовремено, доцна навечер, пред спиење, и тој самиот бргу ги голташе пластичните описи на полуперверзните копулации на Милер.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Многу бргу ги огреало сонце и тој почнал да ора со трактор во Лозарството, а таа да мете во шталите по цел ден, иако тоа од неа никој не го барал, ама бадијала не се седи. Сакале да ѝ платат... во млеко.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
ТЕОДОС: (Во панталони, со палто в раце, уште однадвор.) Анастасијо, Анастасијо, браво, Анастасијо, ашколсун!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: (Станува, скоро скокнува и бргу ги, навлекува чевлите, при што прво го обува левиот на десната нога, па поправува.) Бре, бргу се стори азар денеска. Му се брза за лозјето...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Оние четворица бргу ги допушија своите цигари а после му застанаа пак од сите четири страни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бргу ги стори сите работи, што требаше да се сторат пред започнувањето на еден работен ден, а потем влезе како фурија во вратата на просторната работилница, дигајќи виулици пилотина од своите чекори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И бргу ги покри модрините со крпата за бришење пред љубопитните очи на бабичката.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таквите збунети суштества тешко е да се детерминираат, околината бргу ги открива и бега од нив.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
при одење главата им е поткрената, рацете им мавтаат, чиниш, пливаат; тие луѓе смело приоѓаат на сѐ, не се плашат од тешкотии, па дури често и ги потценуваат; многу работи превидуваат, но грешките бргу ги исправаат; ретко, или никако не бараат совети или помош од некого; сакаат да им се слуша зборот, да ги слушаат луѓето;
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)