бргу (прил.) - да (сврз.)

Не. Не се стрча Сане Сандин, туку подлетна, со леснина се поткрена над патот и зачекори во воздухот. Почна бргу да се оддалечува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Арсо го отпетла синџирчето од елекот за да му помогне на чуварот бргу да му го извлече часовникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
СТОЈАНКА: (Поцрвенета од срам.) Повели! (Ги голта солзите.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДВАЕСЕТТА ПОЈАВА ТЕОДОС И КЕВА
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Бргу да поправи.) Не е жеден чорбаџи Теодос...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бргу да се облечам, бргу! (Вика.) Анастасијо! Бргу најди ја Анастасија!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако го знајш англискиот, ќе можиш многу бргу да се снајдиш. Можеби во некое училиште да предаваш?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Детето се приближи до колибата со мачешки стапки, се заслуша во ноќта да не би да допира некаков шум и бргу да се изгуби во неа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Шестиот, што не можеше онака бргу да се искрие, сигурно доста искасан, а веројатно некаде скраја и закачен од неговото зрно, си ја влечкаше доста бавно својата болка нагоре, накај шумата, потскокнувајќи само на трите нозе, со една притаеност брзајќи да ја искрие и својата тронога сенка меѓу сеништата на дрвјата на белата шума под месечината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш ни рекоа бргу да слеземе долу во амбарите и збор да не пуштиме зашто англиски воени бродови се доближуваат, та ако слушнат врева, тогаш ќе почнат да нѐ бијат со топовите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беше облечен војнички и ми рече бргу да му донесам од дома алишта. Истрчав и му донесов.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Деца, - ни свика учителот, - излегувајте бргу да гаснеме! Се запалила плевната на полјакот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)