Брзо се свртеа назад, ги вкопаа погледите во сувиот ѕид налик на несмасен оџак, со по една камара од секоја страна и со главите собрани во рамениците брзо почнаа да се крстат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во прво време го прикажувавме само на пријателите кои доаѓаа во Фектори, а потоа Lonesome Cowboy многу брзо почна да губи шанса, па мислев дека би било добро да го замениме со Ебење. (...) Пред крајот на шеесеттите изгледаше дека Холивуд најпосле ќе ја признае нашата работа и ќе ни даде пари за високобуџетен 35-мм. филм.(Во меѓувреме Флеш се прикажуваше и во Германија и имаше огромен успех).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Затоа брзо почна да се оградува велејќи дека тој не го по ништо лошо не го знаел и ништо не може да тврди, туку, еве, на авторот му прикажува прикаски:
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но брзо почна да се заморува.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Го почестуваа, зборуваа со него. Иако на македонски, тој како по некое чудо, брзо почна да ги разбира.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И по некое небесно чудо, некои дополнителни чувства, што биле скриени во него, одеднаш, брзо почнале да дејствуваат и тој почнал да ги гледа и да ги чувствува нештата што тој порано ги одбивал.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сигурно и сега до глуждови е нарасната: снежиштето што ноќеска го облее селото - одненадеж и брзо почна да се кашави и водесто да се цеди низ стреи и дрвја.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)