Девојките во Калифорнија веројатно беа, во стандардна смисла, поубави од девојките во Њујорк, но мене и понатаму ми се допаѓаше начинот на кој Њујорчанките беа убави - чудни и невротични (девојките секогаш се поубави кога се на работ од нервниот слом, а нашите девојки секогаш беа тука некаде).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сите во Сан Франциско беа загрижени заради купот амфетамини што можеа да се најдат тоа лето во градот - посебно беа загрижени децата на цвеќето, бидејќи спидот луѓето ги okno.mk | Margina #15-16 [1995] 127 правеше агресивни, а тоа беше токму она против кое беа тие.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Додека се шетав наоколу сфатив дека војната во Виетнам изгледа многу пореално во Сан Франциско отколку во Њујорк - додека стоев на доковите, буквално можев да ги видам бродовите како заминуваат за Југоисточна Азија.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Така буквално можеш да почувствуваш каде можат и каде не можат да се создаваат хемиски врски.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)