важно (прил.) - бев (гл.)

Она што беше важно беа односите помеѓу поединците и еден сосем бескорисен гест, едно гушкање, една солза, еден збор кажан на човек на умирање, можеше да содржи вредност во себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Важно беше самото постоење на собата над старинарницата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Важно беше да добро го совладам францускиот јазик. За тоа бев тука.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Важно беше, тоа што го објавувам, не сум го испеа, туку сум го раскажал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сето тоа, всушност, немаше значење, туку важно беше неговото расположение.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се работеше за нивни човек, за комунистите најмалку важно беше образованието.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Важно беше дека бев јас утепан. Ништо друго не беше важно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вардеше само да може да го погоди оној миг, кога тоа прегладнето копиле ќе се обиде да му се приближи; важно беше да не му допушти да му се приближи така, за да може да го дрпне одзади со онаа своја шилеста муцка, друго ништо не можеше да биде важно таму назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одговорот воопшто не беше важен, зашто таа и не заушила како треба, не оти ве чула, - можеше да се поставуваат уште поглупави прашања, - важно беше тоа нејзино поклонување доземи, тоа нејзино вратче кога ќе се издолжи и тие нејзини малечки устиња, поднапрчени, непознати, нови кога ќе ви рече со некој потпевен глас: - Молам, да, благодарам!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сполај ти, господе, тој беше среќен, зошто, како, никогаш тоа не го разбрав. Важно беше едно: - Сите не!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)