А тоа Јован Акиноски вака го објаснил: Крушата значи живот, зашто крушата има облик на земја, то ест зашто земјава не е тркалезна ни рамна, како што учат едни или како што учат други, туку има облик на грлеста круша, па кога ќе падне крушата на земја, значи крај на животот, значи изедначување на животот на земјата - од земја јеси и земја се сторуваш.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бездруго вака го протолкувал сонот и Јовановиот одамнешен предок, оној прв што го сонувал и по што го запишал во тефтерот и потоа отишол да стане пустиник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Аналогно на тоа, и Ars Comprendios од Рејмон Лил, автор за кого алхемичарите сметаа дека е приврзаник и прататко, Франц Бретано, вака го опишува: “На низата концентрични дискови кои посебно кружеа, се испишуваа различни поими, од кои се добиваа најразлични комбинации за време на ротирањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Таа вака го објасни тоа: „ Кога водиш љубов, ти употребуваш енергија, а потоа се чувствуваш среќен и пет пари не даваш за ништо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го лади ушето и се присетува дека и како дете исто вака го касна пчела, на истото уше и на истиот негов мек дел, јаготката, каде што носеше обетче што му го имаа ставено да не фаќа урок.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Така, тој не зема во предвид дека конструктите се, изразени со нивните интензионални димензии, во меѓусебен дисконтинуитет, и поради тоа, „сведувањето” на еден конструкт под друг е логично, како и практично, невозможно. Husain (1983, стр. 20) концизно вака го резимира проблемот: Природните биполарности, од кои секоја ги претставува екстремите на диференцијација за кои е способна квалитативната генеричка природа, не се во хиерархиски систем... бидејќи ниедна од нив нема поголема или помала опфатеност од другата.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Остатокот од човештвото (читај: сите оние што не живеат овде) токму вака го замислува Холивуд: град во којшто од небото паѓаат голи газови.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Господе, господе, почна отец Иларион да шепоти и да ѝ се потргнува од рацете, но допирајќи го своето лице до нејзиното, и тој почувствува возбудливи трпки по снагата и почна да ѝ се припива со целото тело, да ја разгрнува мантијата, да се распетлува, и во мигот кога требаше со целото свое тело да ѝ ја почувствува врелината на нејзината кожа, кога ја заграби со рацете да ја впие во себе - таа исчезна како да беше дух или демон, му остана прегработ празен, а од прозорчето задопира грозен кикот, гракчење на гавран или на нечистиот, исмејувајќи го што го доведе до оваа бедна состојба, што вака го понизи и го огреши.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Своето кажување вака го завршил Жеро Жерав: Сега алчниот гавран лета од едно до друго место и бара мајстор да му го изделка клунот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ќе ги утешам оние што ќе се растажат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Генеричката разлика што ја прави подлогата на оваа културна бинарност, значи, постои веќе подолго време.
Насловниот лик во „Случајот на Пол“ од Вила Катер (1905) во себе го втелесува сиот спектар на машкиот геј- сензибилитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Катер гротескно го полни текстот со сите можни знаци и белези на гејството што може да ги смисли – освен со хомосексуална желба.240 Нејзиниот раскажувач вака го опишува Пол:
Алиштата му беа малку прераснати, а мркото кадифе на јаката од раскопчаниот мантил му беше изабено и лито; но и покрај сѐ, имаше во него некоја гиздавост, па на црната убаво врзана вратоврска си носеше опална игла, а на реверот црвен каранфил...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мојот пријател, Henru Geldzahler, кустос на уметноста на дваесетиот век, пред да го именуваат за званичен културен цар на Њујорк, вака го опиша почетокот на попот: “Тоа беше како некој научно-фантастичен филм - Вие, поп уметниците, непознати едни на други, излегувате од различни делови од градот и гледате напред носејќи ги своите слики пред себе”.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Синот од срам сакал да се направи дека не пуши, но стариот вака го поклопил: - Запали кога веќе си почнал да ја смрдиш таа смрдеа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сличен список на забелешки се употребува во врска со насилството во филмовите и видео игрите, иако ревијата Time признава дека „не постојат конечни научни истражувања, делумно затоа што е тешко да се одделат ефектите на насилните дејства во видео игрите од оние осакатувања што ги гледаме во филмовите, на телевизија и на градските улици“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 105
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сега полнат големи сали - иако сѐ повеќе сали не сакаат да приредуваат рап концерти заради стравот дека насилството ќе се прелие од сцената меѓу масата луѓе.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во 1990 ревијата Newsweek вака го опиша продорот на рап музиката: “Иако поголемиот број Американци најверојатно никогаш не чуле за нив, тоа не се никакви опскурни групи, што свират по гаражи и ноќни клубови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)