вака (прил.) - или (сврз.)

Хипотетички можам да речам вака или онака, можам да романтизирам за силата на генерацијата итн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оправдувањата, вака или онака, се излишни: оваа книга е а. и б. и в.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ГОРЕ: Стално пее вака или сега има трема?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Јас, еве, сега, можам да речам не, раскрстив, и по читањето на овој ракопис, секој ден повеќе, вака или така, ќе бледнее споменот, ликот ќе му бледнее, ќе исчезнува како што исчезнува мртовец.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сфати дека со години веќе медиумите лесно го манипулирале да размислува на еден или на друг начин, па дури и му налагале да се чувствува вака или онака.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во таков дух, и со веќе традиционално делумно променет изглед, Маргина ќе се појави и следната година, вака или онака, порано или подоцна. G.N.Om Од последниот роман на Вилијам Гибсон, Virtual Light, господинот П.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ж: Апсолутно сте во право!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ми изгледа дека секој грамофон вака или инаку е дефектен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вреди да се работи, макар и за помала полза, зашто вложениот труд, вака или онака, дава некакви резултати, додека од празното седење немаме никаква фајда, дури, како што често се вели, од седење човек може и да се разболи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ние некоја смисла да ја бутнеме овде (приказната) сепак најдовме, можеби само и во бесот (поради многуте црнила деновиве) што, ете, така, “микро-космички”, се канализира, вака или онака, а овојпат вака.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сепак, вака или онака, беа среќни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дојде време и таа, како и сите, да го напушти својот дом. Дом!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Постои светскоисториски поларитет на лично и нелично разбирање на Бога.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога маниристичкиот прагест настојува да го дофати “неличниот”, необликуван Бог (сила којашто дејствува во природата вака или онака), многу повеќе е натуралистичка од “наивниот” гест естетски врзан за природата на класицизмот, кој го гледа Бога како лик, уште повеќе, го гледа Бога како човек, значи низ една мошне избрзана метафора.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа, без претерување, 100 okno.mk можеме да кажеме дека границите на јазикот, вака или онака, служат како најдлабокиот разлог за појавата на изненадувањата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)