Му беше сеедно исто како што му беше сеедно кога рече дека може да дојде ваму сам, кога се согласи да дојде и да остане тука сам, исто онака како што му беше сеедно додека чекореше сиот поминат ден напред по неразгазената белина на снегот и кога не се погрижи ниеднаш дали оние двајца продолжуваат да идат по него и дали им е ним полесно да чекорат по разгазената трага.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Му кажуваа дека е тука и Добра, сестрата на Пелагија, со малечката, мајката на Ангелина, Тина Гледачката, која сѐ уште е избегана малку... оти видела цела чета глувци како излегуваат од нивната бишка, а за Ангелина, велеа, не знаеме ништо, само се надеваа дека и таа ќе приправи, што ќе прави ваму сама, телото се исушува како слива и после оти саде коска ја фрлаат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Лиле, ќерка ми, отворено му рече - сигурно нешто страшно сте ѝ приредиле таму кај вас на сестра ми, за да побегне ваму сама, со детето. Без средства за живот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)