веднаш (прил.) - станува (гл.)

Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ни не помислува дека секоја тајна, и таа што расте во мешето на генералската ќерка, а и оние другите, што никогаш не поминале покрај нечие меше туку само покрај некој авторитет, веднаш стануваат непријатни приказни и шеги.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не смее секое нашепнување да се зема здраво за готово - ѝ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-А потоа, не мора на таквите приказни да им придава толкаво значење – реков кога ми ја донесе новоста за генералската ќерка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На крајот на краиштата, не можете да го надминете општественото оцрнување само преку извртување на поимите, така што ќе се обидувате негативните слики да ги заменувате со позитивни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што досега имал многу можности да види секој што го одживеал вториот бран на феминизмот, секоја наводно позитивна слика за жените која се обиделе да ја промовираат феминистките, нашето општество бргу ја преуредува во навредлив и угнетувачки стереотип.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, штом угледниот, достоинствен и способен лик на „силната“ жена, толку сакана од феминизмот, ќе се пресели во Холивуд, веднаш станува или невозможен, недостижен урнек (Чарлиевите ангели: до даска, од 2003 година) или неженствено чудовиште што жедува за моќ, кастрира и гладува за љубов (Фатална привлечност, од 1987 година).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, нема ништо безбедно во таканаречените позитивни претстави – особено кога ја немате општествената моќ да ги зацврстите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но јас имав приближно 15 години кога го прочитав Голиот Ручек и тој ми ја распрсна главата насекаде по ѕидовите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие никогаш не разбраа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа не би можело да помине кај американците што читаат научна фантастика, затоа што или не знаат кој е Бароуз или веднаш стануваат непријателски настроени... тој ја пронајде научната фантастика од педесеттите и ја искористи како отворач за конзерви на општествените вратови...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)