веднаш (прил.) - штом (сврз.)

Судот е врзан за својата пресуда веднаш штом е објавена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обврската за чување на класифицираната информација од неовластено откривање трае согласно со закон (чл. 94, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Пресудата која повеќе не може да се побива со жалба станува правосилна, доколку со неа е одлучено за барањето на тужбата или противтужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Реков: „Ќе ви... “, сторив и исправен излегов. Децата го сетија мојот бес и останаа зад мене веднаш штом заминав од дуќанот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Браќата Јане и Ѓорѓи веднаш штом се вратија од затвор заминаа партизани.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Виа Ѓургулу“, меѓутоа, е првото и единственото недоумение и разочарување, само преодна глетка, која се губи веднаш штом ќе се звалезе во следната улица, чии димензии се исполнуваат со многу новоградби, кои од темел ја менуваат физиономијата на градот; со нив тој сатнува панорама - нова, широка, пространа, сончева...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Првото „К“ - Келнската катедрала Со првото „К“, на пример, во Келн се среќаваш, речиси се судираш, веднаш штом ќе пристигнеш на големата келнска железничка станица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Што се чудите?! Не одат тие работи туку така.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Леон ѝ го купи првиот инструмент, ново пијанино нарачано од Виена, веднаш штом Агата го покажа првото интересирање за музиката, а подоцна и првата флејта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Шефот на салата ги однесе до местото што Јехуда го беше резервирал веднаш штом му кажав дека треба да го стори тоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А овој излезе толку итар, за да ѝ угодува додека ја освои, но не се покажа ни толку прост да ја остави веднаш штом ја легна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„О, да. Телефонирав во складиштето Мидвест и тие ми рекоа дека ќе натоварат четири дампери за да го прекријат теренов со таа материја веднаш штом Алек ќе заврши со рамнењето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Веднаш штом стрико Борис ја стави на дневен ред оваа точка, јас пак срипав и се пријавив доброволно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сè нешто не ѝ се спиеше и му се лутеше поради тоа што тој заспиваше така лесно веднаш штом ќе си легне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Зашто веднаш штом јас го поставив ова прашање за нивната облека, моите посетители попаднаа во бурна смеа со двосмислено значење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нејзините гласни очајувања траеја со часови по завршувањето на посетите на нејзините блиски.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа ја донеле одново во Гнездо, и веднаш штом си заминале, Криста се раздвижила, и почнала да офка по ќеркичката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потребни му се на театарот дури и кога поради малкуто време што го имаат за вонпартиски активности, излегуваат на половина претстава или веднаш штом ќе им пожелат на актерите добра креација, а на публиката во салата пријатно театарско време.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беше една вистина, која што почнуваше да чекори по земјата, веднаш штом ќе се објасни така, за да може да биде сфатена; таа вистина бараше пат кон срцата на луѓето и луѓето не можеа да не ѝ се приближуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаа на себе дебели ќуркови, поставени одвнатре со кожа, снежинките се стопуваа уште веднаш штом ќе слетаа на нив, а Змејко го префрли пораменици својот забан и избрза да им разгази малку напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Орото се растури уште веднаш штом стана Башмајсторот и сега заминуваа, цела поворка, цела тајфа, додека жените довикуваа по нив „Создравиеееее - “, а буките крај патот имаа зелени, распукнати, набабрени пупки и селото во таа утрина се чинеше толку убаво, ги видоа наеднаш сите убави работи во него и некако копнееја од тоа, сите со по една стегната вилица и со нешто меко, болно и ранливо во погледот, заскитен напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се покајав веднаш штом на вага ги ставив мојата загуба и мојот инает, но веќе беше доцна, чашата се скрши, завесата се спушти, претставата заврши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа во овој миг ти ветувам дека веднаш штом се вратиме започнувам со подготовките врзани за нашиот брак и венчавка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете оттогаш, од ова време минатата сабота, откога го донесоа Лазора помешечки испружен на кочијата Дамческа и го искачија во гостинската одаја Акиноска, трае оваа возбуда во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веднаш штом го добивме Вашето писмо, во взаимноучетелното училиште „Св. Климент“ свикавме општо собрание на кое одржавме кратка но остра реч и во истото тоа време ги објаснивме Вашите писма - и тоа до стрешините и тоа до нас кое е и подолго и понасрчувачко и остави силен впечато.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа веднаш штом се крена од постела, заедно со фотографијата на Тањушка, по Пазарџиски пат, замина накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И таму не застануваше, веднаш штом ќе стигневме ќе ја грабнеше косилката и ќе ја искосеше тревата во двор­чето, а потоа, до доцна во ноќта, те слушав како нешто работиш, чукаш по дворот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се укина и одредбата која предвидуваше дека веднаш штом во имотот што влегува во стечајната маса ќе бидат собрани и достапни соодветни парични средства, стечајниот управник со претходна согласност на стечајниот суд ќе изврши авансни исплати на побарувањата од социјалниот план (чл. 34).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ренди си отиде со мајка му, која замина веднаш штом заврши натпреварот, застанувајќи само за да му каже на Дејв да оди дома и да си ја исчисти ногата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Јас дури заборавив дека домашните ми рекоа веднаш штом ќе нѐ пушти учителот да си одам право дома, зашто имавме некоја работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ема започна веднаш штом излеговме! – Слушај!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Почнав да трчам веднаш штом го слушнав и Дино како завива.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Отспротива сјаеше и кујната, во која немаше ниту еден сад во мијалникот, ниту едно чиниче на масата или ноже на плотната.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаше периоди кога одговарав на писмата веднаш штом ќе ги примев, а имаше периоди кога, по моја вина, го губев ритамот на пишувањето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да, јас им ко кажав тоа веднаш штом се вратив од Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мајстор Пивце дојде веднаш штом му кажавме во каква неволја сме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додека ние со попот се редевме на мостот за фрлање на крстот, жените дотрчаа со снопчињата и се наредија крај реката под мостот за да можат да ги брцнат снопчињата во крстената вода веднаш штом попот ќе го фрли крстот и да му се помолат на бога годината да биде бериќетна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Србин и Шишман веднаш штом сфатија што им вели Чакарвелика, ги свртеа полека главите назад кон планината како да ќе видат нешто од тоа што го чуја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги стави сите под тој именител веднаш штом меѓу нив го препозна извесен Миле од Прилеп кој се занимаваше со увоз и извоз на кој знае што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Малечката Пелагија ретко доаѓаше, кога ќе се појавеше обично беше со мајка си или со бабата Перса, згора на тоа, Мурџо или беше пред нив или зад нив со високо крената опашка и веднаш штом ќе се појавеше Дончо, ги покажуваше забите како предупредување да не се случи нешто со неговата Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Овој факт го имале пред очи конзулите кога тргнале да го бараат валијата веднаш штом разбрале за атентатите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Замижи ги очите! – ѝ реков веднаш штом си дојдов дома од летување. - Сега отвори ги!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Зошто е сето тоа потребно, кога има музика што веднаш штом ќе ја чуеш ти се допаѓа и не треба никакво навикнување на увото? – се чудев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Посакував во тој миг да сум токму една од таквите: сè да можам и сè да имам, сè што ќе посакам и веднаш штом ќе посакам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во дланката ми блескаше нејзиниот прстен и ми се причини уште поубав одошто кога го гледав на тезгата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Така се развива вкусот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ПАТУВАЊЕ СО МИЛА На Мила ѝ го прочитав писмото од Ивана од збор до збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе ми пишеш веднаш штом стигнеш? – одвај проговорив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе ти се јавам по телефон, будалче – се насмеа Ивана и ме прегрна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)