вешт (прил.) - ги (зам.)

Дружината вешто ги одра, а потем ги стави на ражен бравите гојни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Кажаа дека идат некое прасе да купат, а вешто ги криеја пушките под долгите сакми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зборовите “водат” инает како неодредени, а исто така и неразбирливиот јазик на уметникот многу вешто ги искористува веќе традиционалните дефиниции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Надуени ко пауни и нашминкани со 3 кила пудра шминкерките вешто ги затскриваа своите габор лица со што барем малку би заличеле на фотките од интернет за кои фотошоп толку многу претрпел.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И самиот Климент Камилски може да се рече дека имаше судбина на балкански Дон Кихот во однос на своите забранети книги кои вешто ги криеше во својата библиотека, уште во периодот кога му беше мил на повоениот период и кога беше високо вреднувано неговото доброволно учество во Граѓанската војна во Шпанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги тркалаше Стомачето очите, секогаш кога ќе откриев некоја од тајните кои вешто, а понекогаш и не толку вешто ги криеше од другите луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Радосна поради келнерското искуство вешто ги ставам на малото масиче и ги здогледувам задоволните насмевки на дада и нејзиниот сакан.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А тој, фатен за кормилото со поглед некаде во бескрајот, вешто ги избегнуваше брановите кои како со нож беа сечени од острата крма.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко вешто ги сокри овие книги, не оти држеше до нивното воскресну­вање, туку не сакаше да ги отстрани од својот магичен распоред.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во романот нема наратор кому може безрезервно да му се верува, секој исказ предизвикува сомневање и на ова место Башевски вешто ги сублимира искуствата на еден Селимовиќ со искуствата на современиот прозен видокруг.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа ги редеше на четвртести парчиња восочна хартија и вешто ги завиткуваше во неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше продал досега повеќе такви книги низ целиот Медитеран, и, задоволен многу поради тоа, сега повеќе се посветуваше, и без очигледна желба за корист, на душевните проблеми на пријателот, кои најчесто вешто ги измислуваше и комбинираше, додека да ја дознае неговата вистинска тајна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сите пречки толку вешто ги совладуваше и истовремено толку добро ме водеше што вчас помислив да не е нешто опфатен од духовите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)