Штом се појави морскиот брег, веќе влегувавме во Аспровалта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во исто време крцнува вратничето и низ неа веќе влегуваат Перса, Пелагија и малечката Пела.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Јас веќе влегував во вратата од куќата, а тие полутргнати, полузастанати, и натаму беа тука.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тогаш се погледнуваме, Мари- Клод ја подигна главата за да ме погледне во очи; грчевито држејќи се за шипката од седиштето чувствувам дека јас и сум всушност она што таа го гледа, нешто толку бледо како и она што јас го гледам, бескрвното лице на Мари-Клод која ја стиска црвената чанта, која ќе го направи првото движење за станување додека возот веќе влегува во станицата Доменил.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Потем сѐ се случи многу брзо: експресот се појави зад кривината со страшно трубење; машиновозачот беше притиснал на сирената, затоа што јас стоев на пругата, а Јан Лудвик, расчекорен на самиот врв од мостот, со раскопчани панталони, со фалусот во рака; јас потрчав десно од мостот и се стркалав по насипот; се сопрев дури пред реката, во една грмушка; локомотивата протатне под Јан и веќе влегуваше во тунелот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И она ״ура“ веќе влегува во нашите окопи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Беа само двајца џандари. Под нивните чекори подот во ходникот речиси потонуваше од чкртање, а тие веќе влегуваа во вратата на младиот Брат. Го одведоа, уште веднаш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)