Долу, кај Црна, се осамна и Митра веќе заборави оти живееше толку време во Мариово. Co лав, со муабет, со смеа и шака вечерта пристигнаа во Прилеп и кондисаа кај Биковите на ан.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шишман навистина беше се сетил, но токму кога сакаше да се покаже виде како еден од четворицата офицери, користејќи го моментот, украде карта од купчето на средината па вчудоневидено ја подаде главата напред и веќе заборави како треба да рече кога ќе влезе во просторија каде што има претпоставен.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ладен ’ко маж кој веќе заборавил дека спиеш до него.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Луѓето веќе забораваат кои се, од какво племе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Веќе заборавив на неа, трчам колку што ме носат нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Најпосле свртуваат вдесно, излегуваат на големиот мост направен само од железа и веќе заборава на Мурџо поради големата мазна снага на големата река што се лизга под самиот мост.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Бреза им зборуваше нешто на своите „деца“ во нејзината соба, веројатно веќе заборави на немилата случка.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Ме викаат Абраш, а вистинското име и самиот си го имам веќе заборавено.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Почнала да зборува. За еден час веќе биле стари пријатели, а за два, веќе заборавила дека неговите крилја, воопшто, постојат.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сум сметена, чума да ме смете, веќе заборавив на Ѕвездана.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)