Беше чуден; само се смешкаше и повторуваше дека е можно да се врати човек назад, во минатото, и дека е можно уште еднаш да изживее еден ден кој веќе изминал, пред многу години.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)