А притоа бев зафатен од помислата: дали тоа ми испраќа нејасни пораки вљубеноста на Денко Самоников или сум заинтригиран од жената, поточно од начинот на кој ја водеше љубовната игра; или пак сè уште се движев низ присутната сенка на онаа чудна изјава на жената дека сета е дождлива па во моето вообразување шеташе како топол летен облак; или летниот топол облак се беше веќе престорил насмевка и дланка; насмевка на нејзиното лице и дланка на нејзината рака што шета по лицето на пријателот?
               
             
           
            
            
              „Летот на Загорка Пеперутката“
               од Србо Ивановски 
              (2005)