Тој пак писна. – Нејќеме ѓевреци, сакаме дома... – по него пак прифатија другите. – Аха! – си мрмна кадијата. – Оној веќе разбира што ќе биде, па запиња – дома – и пак му се обрна на стражарот: – Земи, Ибро, оној големиот да потсечиш јазикот да не вика многу.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)