Кога веќе им паднала секирата во медот, зошто да не ?!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Стуткани меѓу Виена и Прага тие повеќе береа гајле како да дојдат до кредит за колор телевизор иако веќе им беше сосема извесно дека телевизорите постојано најавуваат само зла и несреќи и дека црно-белите само се заменуваат со зла и несреќи во боја.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Наместо на уролог, голем дел од оболените одеа кај него и со три баења куро веќе им беше излечен.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Мајка веќе им го најде местото на парите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Немам пари за утре, се пожали Мајка, а на децата веќе им здодеа од макароните.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
По лицата, по градите и по рацете веќе им беше закоравена потта, којашто помешана со правта од тулите, имаше ишарено безброј темно-црвени нишани.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Утредента и дедо ми и дедо Иван и други некои колибари се собрале, па убаво ги закопале несреќниците. И облеката веќе им била згниена.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Келнерот веќе им носеше, покрај листата на јадење, и долг подавалник со различни сирења, од млади кравји до биени овчки, преку мешани кашкавали и траписти - по избор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Чамецот веќе им го закачија со чакли и го влечеа кон пристаништето.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Човекот со шапката го забриша лицето и уште посилно завесла кон брегот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дивите откриваат облик на сила што геј-мажите можат да го преземат како свој.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наеднаш спротивставувајќи ѝ се на презирната ќерка со секавичнa јарост во онаа прочуена кулминациска сцена, таа ѝ дава речовит и гламурозен израз на жестината што веќе им тлее на долго маргинализираните и малтретирани луѓе – жестина што лесно се разгорува во услови на краен стрес.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Милдред Пирс, Џоан Крафорд отелотворува токму таков вид на жестокост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кошулите веќе им беа замирисани под мишка и потемнети на јаките од препотување, подотпарани кај рамената и без понекоја петлица.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во правта врз паркетот веднаш го послаа теписонот и тој, иако расходуван од некоја куќа каде веќе им беше здодеал, пасуваше, мислиш по мерка исечен и машински обрабен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како книги на кои веќе им го знаеш крајот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Имено, приоритет за издавање на нови работни дозволи имаат: а) странците на кои веќе им е издадена работна дозвола, без оглед на состојбата и условите на пазарот на трудот; б) членовите на потесното семејство на македонските државјани и на странците кои поседуваат дозвола за престој во РМ и в) странците кои имаат стекнато стручно образование во областа на работни места за кои има недостиг на работници (чл. 6, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кадијата нареди јуриш преку Чебренскиот Мост и поп Јаков со своите старавинци, градевци, бзовичани и саточани два дена го држеа преку река, но на третата ноќ Турците го освоија мостот и почнаа да настапуваат преку самите карпи во кои беа бунтовниците, а некои од Турците преку Бзовиќ веќе им се кажаа зад грб, та беа принудени да отстапат за да дадат друга битка на Баба пред самата Старавина.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На првиот колосек стоеше долга композиција товарни вагони на кои веќе им беа отворени вратите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
ВЕРА: Господи, зошто вие сите веќе им пеете парастосна молитва?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Чудната игра кратко траеше, зашто Јана веќе им се обраќаше на двајцата граѓани притаени во сенката, и сосема неодмерено ги нарекуваше натрапници и платени воајери.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Потта им се пробиваше од под пазувите, а прстите и дланките со кои ги држеа пиштолите веќе им беа мокри.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но, на Ане и на Дора веќе им течеа солзи од смеење.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Јас на децата веќе им раскажав што сака да прави Петре Питропот и дека денеска, кога татковците и дедовците ќе се повлечат од црквата во тремот, ќе се договараат за тоа; дека моите мене и Николчета, сакаат да нè пуштат да учиме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Многумина веќе им се имаа пожалено на комитите од него, ама тие не го имаа осудено.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Од останување насамо и од темница се плашеа како вампирот од први петли, зашто веќе им го имаа стравот на комитите кои и судеа и правда делеа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Очите на братучедите веќе им се наполнија со молежливи солзи како на елени.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Изгледаа како група пријатели кои на враќање од напорен џогинг навратиле на по едно кафе, одбивајќи да се сетат дека жените дома веќе им се нервираат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ама, веќе им го зедов стравот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Беше ги слегле во едно нивиште под патот и веќе им ги врзуваа очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Околу устите веќе им шеткаат муви и комарци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Штурчо! Штурчо! - викаа помладите мравки и мравови, на кои веќе им стануваше здодевно долгото седење во затворениот мравјалник.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)