веќе (прил.) - некој (зам.)

Што ако веќе некоја го има „купено“ за време на нејзиното отсуство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некое далечно сонце ме суши, о смрти, зашто не храбри – туку темни и оковани се бреговите твои и сега веќе некое мртво сонце ме суши.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И кога се качивме на камениот мост, кај Газаната, гледам веќе некој се качуваат на другиот каменен мост и му велам на Анѓелета: Стигнавме, тие кај Плачиврби додека се наплачат и разделат ние сме кај нив.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Исто е и со музиката, со сè.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така денес, утре веќе некое друго ќе биде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- По домаќиниве ќе плиснеме само вода за среќен пат. Никој, разбирате, солза да не пушти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фактот дека ти се допаѓа некоја славинска рачка многу открива што е за тебе господско, елегантно, отмено или шизичко, а тоа значи дека многу кажува и за твоите општествени стремежи, како и за општествениот сталеж од кој потекнуваш.379 Но не е тоа сѐ што кажува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дај немој да ми кажеш дека сум се омажил за некој што мисли дека ова е убава санитарија“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Здраво посрамен и понижен, како и со чувство на разголеност и на непријатност, ќе се обидев да се извадам од глибот, ќе си го повлечев предлогот и ќе го уверев дека не сум мислел и не сум гледал како што треба кога сум го пофалил предметон – макар што не сум сигурен дека воопшто можев да се извадам од толку упадливо откривателна грешка, откако веќе ја направив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, не само што сум му се огрешил на вкусот; сум открил таму и нешто срамно за целата своја личност, вклучително и за својот сексуален субјективитет – нешто што дотогаш не го насетувал дури ни мажот со кого живеев и спиев веќе некое време. (Добро, можеби потајно цело време се имал сомневано, но, ене, сега имаше несоборлива, гадна потврда.) Ако тоа што ни се допаѓаат некои културни предмети и артефакти може да ни ги открива не само вкусовите туку и идентитетите, така е зашто нивниот естетски стил го прoбликнува цел симболизам, кој досегнува до родот и сексуалноста – симболизам што е и опиплив и мошне тешко објаснив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе некое време учествуваме во победничкиот поход на две претпоставки, концептот за неминовноста на демократијата со пропаста на диктатурите, и концептот за неминовноста на пазарната економија, со пропаста на системот на централното планско стопанство. 6 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој поглед не можев да го препознаам, тој поглед беше таков, туѓ и изменет, веќе некое време, но сега за првпат ја сфатив вистинската причина за промената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Време е да си одиш,“ рече Рајнер, погледнувајќи во часовникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)