Нека не сме веќе браќа - близнаци и нека не ни е името Мануш и Јанкуло ако уште еднаш навиваме за тебе и ако ти ги влечкаме на секаде молерските канти, наслути тој дека се колнат во себе кога навредено му свртеа грб потпирајќи се еден на друг во чекорењето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)