Сепак, дури и да се биде на трагата на еден толку голем писател како Набоков не е мала работа, а освен тоа, чинам, Урошевиќ, и покрај суптилните понирања низ историјата на литературата, е нешто повеќе од “човек на трага”, имено автор со веќе зрела и препознатлива поетика, и особено значаен за “новите писателски генерации” кои баш и немаат шанса на македонски да прочитаат добра авторска проза. (А.Б.)
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)