Се чинеше дека од напуштените и веќе неупотребливи машини и земја 'рѓосуваше.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Почекував капките да се исцедат од моето тело; ги гледав и ги чувствував како ми се тркалаат по кожата и таа глетка и тоа чувство ме релаксираа, ме ослободуваа од некоја недефинирана тежина која сакав да ја свлечам од себе како износена кожа, излитена и веќе неупотреблива за животот што ми преостануваше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)