- Ќе ми изгореа за малку колачите, - викна оттаму, и не ни обрна веќе никакво внимание. Колку ѝ бев благодарен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Само, ми недостигаше глас да му одговорам на повикот. Бев занемена.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Апсењето на стариот крпач Адам го заборавија, бракот на писарот и бабицата тромаво и еднолично течеше - без разделба и без деца, агентот не претставуваше веќе никаква новост; се заситија луѓето од него како деца од дрвена играчка, скршена и деформирана, на која ѝ се излижала бојата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ако направам холограм на масава и честичките во холограмот ги распределам со истата густина со која се распределени во масата, бидејќи знам дека и масава е еден компјутиран збир од точки исто како и холограмот - ако значи со своите сетила или сознание не можам да ја утврдам разликата помеѓу холограмот на масава и самата маса, тогаш нема веќе никаква смисла да се каже дека холограмот е симулација на масата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Немаше веќе никаква сила во себе, несреќникот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Да, тоа беше гласот на чичко Љубе, немав веќе никаква дилема.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)