Истото го согледа и Даниел Бел (Bell), теоретичар на „постиндустриското општество”, и рече дека „во модерното општество неоспорно постојат диверсифицирани и плурални интереси, бидејќи во сите нас се кријат многукратни приврзаности и идентитети”. (D. Bell, Winding Passage, 1960) Бел зборува за „’crosscutting’ identities” и нагласува „дека никако не може да стане збор за какво и да е взаемно помирување на сите вредности”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)