видно (прил.) - поле (имн.)

Додека Татко го слушаше секретарот, не го испушташе верскиот поглавар од своето видно поле.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во текот на сите сослушувања, иако никогаш не го виде, имаше чувство дека О'Брајан е покрај него, само надвор од неговото видно поле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја набљудуваше крупната, а сепак елегантна фигура како шета горе-долу, како влегува и излегува од неговото видно поле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон не се осмели да ја заврти главата ни за милиметар, но нејзиното помодрено лице повремено се појавуваше на крајот од неговото видно поле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Масивното, строго лице и четирите прсти го исполнуваа целото негово видно поле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако овој упорно насочен прст во Leonardo, прст кој упорно одново се појавува, укажува, не губејќи здив, на тоа дека постои една моќ вон нашето видно поле, вон ретината, тој истиот прст насочен во Duchamp, не е тука да покаже некое место, како оние од дваесетите години нацртани пред влезот во „местата”, освен мошне чудниот паралелограм чии што темиња се направени од три кривулести профили на Stoppage-etalon-от; дали го покажува патот на една непозната димензија, од онаа страна на едноличната здодевност која за авторот ја претставува бојата нанесена врз една рамна површина? ]е одиме ли до таму да кажеме дека елементите на окружувањето на Со оглед дека... постојат веќе кај Leonardo?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сите бевме во неговото видно поле.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа беше едвај во моето видно поле, витка девојка со рефлектирачки очила, со црна коса потстрижена во еден прамен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа се преврте, а тој се оддалечи од моето видно поле без да прозбори ниту збор.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој ја слуша, ама не реагира, не одговара, во неговото видно поле се цицките на Родна Караколева потпрени на нејзините колена исто така малку разголени и подотворени со блесокот на листовите од бутовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Посебно ги насочуваше своите деца кон медицинските и техничките училишта, но само јас излегував од неговото видно поле, односно бегав од неговото стадо!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заборавив на дон Хуан и на останатите и сосема му се предадов на тоа мое тесно видно поле.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Моето видно поле повторно стана многу тркалезно и пространо, а со тоа дојде и една сосема свесна постапка која се состоеше од тоа да се свртам и да го побарам волшебното суштество.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ја дигнав раката да го оттурнам од мојата вода; Целото мое видно поле го сосредоточив на кучето кое требаше да се потчини на моето движење и наеднаш забележав дека тоа е проѕирно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)