Знаев дека таков нарцисоиден Егоманијак нема шанси да се самоубие, иако на моменти паднав толку во искушение, па речиси ќе си направев грев на душата, па ќе посакав вистински да го стори тоа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
„Сите нешта на светов треба да се посматраат превртени, за вистински да се согледаат“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ти не знаеш сосема јасно, драги мој, но чувствуваш дека поедноставно е громко да го изговориш тоа јас, отколку вистински, на вистински начин, да се наложиш кај другите, во светот и животот, и вистински да се услагодиш со него.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ти ѕвони еве во секое време, а кога сакаш вистински да проговориш, како со пријател, вели дека било скапо и затвора.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во прво време оти се совпадна со откривањето на здрвеното тело на старецот во вагонот, таа нападите на повраќање ги поврзуваше со мислата дека можеби е најдобро да му се придружи на некаков начин на старецот оти нема да биде грев ваква изгнасена вистински да се загуби во есенските калишта.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се преправаше како вистински да се преродил, како вистински да се нашол во рајот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сѐ подобро го разбираш детето во себе. Почнуваш и вистински да сакаш.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Само отпорот на козите, на козарите и вљубениците во козата, можат вистински да ја докрајчат суетата на имбецилните и деструктивни идеологии.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Замисли си, да го видиш ликот на мајка си, или на онаа која ти е прилегната до срцето, како се лелее под површината на водата а нема сили да се измолкне надвор и вистински да се покаже.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во еден период, најчесто ја кажуваше поговорката: Shqipëria nje pëllëmbë e ngriti boten në këmbë! (Албанија, педа земја, сет свет на нозе го крена!) Татко, во тие моменти, ќе ја погледнеше, небаре отсутно ќе се согласеше, во потрага по новата кота на нашиот егзил, а ние, децата, настојувавме во разните фази од животот, вистински да ја протолкуваме Мајкината поговорка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Судбината сакаше јас, по многу години, прв, вистински да отпатувам со возот Балкан-експрес.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Токму затоа Витгенштајн вели дека ние не можеме вистински да зборуваме за светот туку само да „посочуваме“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)