Со измените од 2009, пак, наместо одредбата која пропишуваше губење на статусот заштитно друштво во случајот кога повеќе од три пати во последователни две години го наруши минималниот процент на инвалидни лица или падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време – усвоена е порестриктивна одредба според која заштитното друштво го губи овој статус ако повеќе од три пати во вкупно траење од 90 дена процентот на инвалидни вработени лица им падне под минимумот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)