На мигови опфатен од чувство на дефетизам, кое беше мошне често кај балканските интелектуалци, формирани на Запад или Исток, сакаше да му каже на Татко јасно и гласно дека и нивната потрага по опасните османизми можеби ја губи основната смисла кога остануваат нерасчистени фундаменталните прашања за потеклото и врските помеѓу јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Многумина, кажуваа гласно дека и по Тито, ќе владее Тито!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не знаеше кога почнал да разговара самиот со себеси и не знаеше дали навистина рекол гласно дека ќе појде во мансатирот Свети Никита, дека таму, во тишина и под трепетливи зелени покриви, ќе размислува за својот дотогашен живот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)