Мајката, таткото, и Митра на глуво доба, пред петли време, се собраа, повечераа од денешниот грашок и ја зедоа дуда во крошнето под оган.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Леле, прекршило глуво доба... молкни душо, секој си го носи својот Крст.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Чувствувам дека ќе заспијам, дека капнат, рано, веднаш ќе заспијам, но се тресам од помислата дека, како многупати, рано ќе се разбудам, во она глуво доба кога петлите ја прават паузата по второто пеење.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како да беа уверени, како од некаде да знаеја дека никој не им може ништо, дека тие од оваа страна веќе со денови ја добиваа истата наредба – не пукај, не оди, чекај следна наредба...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сигурно сите спијат во тоа глуво доба, дури и стражите, ако воопшто поставиле некого – оние од другата страна секогаш спиеја мирно ноќе, а пукаа дење.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)