Корец седи скршен во нивниот нов квартир, додуша во најголемото еврејското гето именувано според баронот де Хирш, јудејскиот добротвор кој пред половина век го намени за засолниште на Евреи избегани од погромите во Кишинев и Мохилев.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во првобитните белешки кои грижливо ги препиша во Boite Verte, тој ја истакнува, иако несигурно, потребата за „конкретизирање на редимејд-от“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Од една страна, многу интелектуален облик на дејствување, а од друга - демистификација на сè со најматеријалистичко расудување.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не сум сигурен со каква цел но иследникот повеќепати побара да ги повторам имињата на децата што ме исмејувале. (Се разбира сега веќе не стоеше кај прозорецот туку повторно се беше вратил кај бирото и сите имиња што ќе ги спомнев грижливо ги запишуваше).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Вислицени зборува, Мајснер се смее од името на Максимилијан Мертен, а Корец не им верува на ушите. Дојде време да ја проба и таа чаша жолч: достоинствата што толку грижливо ги градеше и функциите што за овие десет години ги акумулираше, ги поврати и ги пазеше, одново да почнат да му се одземаат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)