Бидејќи Штраус бил фармер од американскиот Запад тој искреирал пантолони од грубо платно наменето за селаните што работат тешка земјоделска работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Неговото стебло долго време било користено за производство на јажиња, плетени облеки од грубо платно, а неговите семки, кога ќе се истолчат, се употребувале за производство на сапун, боја, и во кулинарството како масло.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ова се случило и со семејната мануфактура на снаодливиот Евреин Леви Штраус, митскиот творец на „легендата што живее“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Има сив сомотски жакет, дискретно распаран под левата мишка, сина кошула од грубо платно и стара црна кравата лошо врзана околу долгиот жилав врат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Вестерн филмовите на Џон Форд, Хауард Хокс, Раул Волш, во четириесетите и педесетите години на веков конечно ги воспоставија фармерките како иконички знак на Дивиот запад и со самото тоа влијаеле врз модата на тогаш оформувачкото потрошувачко друштво.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)