Значи, таа вечер кога Нанчо ја фати вошката на моето рамо, ми рече Ти фатив една овца! па сметајќи дека не го разбирам што ми кажува, дообјасни Вошка ти се шеташе на рамото, дојди ќе ти дадам прашок! јас не мислев на вошката туку на тоа дека седам во првата клупа и дека ако таа може и по темница да се види, тогаш во светлата училница секако и од далеку може да се забележи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но колку далеку може да биде таа иднина не се знае. Можеби илјада години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од далеку можеше да се види како висат од лозовите прачки крупните плодови бело грозје.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И тој уште од далеку можеше да го види како се пробива од кон неговото маало по снежниот сокак, загазувајќи пак тврдоглаво своја дира, оној старец, со едно бреме волнени шалови околу вратот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На автобуската станица пристигнуваше луксузен автобус на кој од далеку можеше да се прочита „Бечеј превоз“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)